Нов пораз на Атланта
12.02.2015 12:23
Ова е трет пораз за Хокс во новата календарска година - сите три во 6-те натпревари од 2-ри февруари - по серијата од 19 победи со која што се уште се тимот со најмногу триумфи сезонава, 43...

Перо Антиќ и Атланта паднаа со првото водство на Бостон. Нашиот интернационалец постигна само 1 поен за 11 минути игра, а последниот збор на мечот го имаше Еван Тарнер на 2 десетинки до крајот, за конечните 89:88.
Ова е трет пораз за Хокс во новата календарска година - сите три во 6-те натпревари од 2-ри февруари - по серијата од 19 победи со која што се уште се тимот со најмногу триумфи сезонава, 43.
Куриозитетно, Атланта ќе го изедначи НБА рекордот со 4-ца кошаркари на претстојниот Ол Стар викенд, колку што имаше и последната екипа со толку првотимци, Бостон, во 2011-та. Селтикс сега се без ѕвездени кошаркари и се далеку од позиција за доигрувањето, но се во серија 4 од 5...
Голден Стејт има најдобар скор пред паузата, најдобар сооднос на победи и порази, со 42 триумфа и е последниот тим со едноцифрен број загубени средби, само 9, по одличната завршна серија на дуелот со Минесота, за конечните 91:94.
ДеРозан го погоди клучниот шут на крајот за победа на Торонто над Вашингтон со 95:93, Леброн постигна 18 поени во победата на Кавалирс против Хит со 113:93, Оклахома предводена од Дјурант со 26 поени и Вестбрук со 24 победи против Мемфис со 105:89.
За споменување е и учинокот на Вучевиќ, 28 поени и 18 скокови, во победата на Орландо против Њујорк, 89:83...
На другите НБА средби синоќа:
Клиперс – Хјустон 110:95
Портланд – Лејкерс 102:86
Далас – Јута 87:82
Детроит – Сан Антонио 87:104
Њу Орлеанс – Индијана 93:106
Милвоки - Сакраменто 111:103
Пред 64-от Ол Стар, што ќе се одржи викендов во Њујорк во коорганизација на Никс и Нетс, ќе се соочат уште Чикаго и Кливленд, во 2 часот по полноќ.
