Делегација на германскиот Бундестаг во посета на Македонија

12.02.2015 12:56

Претставници на парламентарната група на германското Собрание за соработка со Југоисточна Европа, ќе се сретнат со собранискиот спикер Трајко Вељаноски...

Делегација на германскиот Бундестаг е во посета на Македонија. Претставници на парламентарната група на германското Собрание за соработка со Југоисточна Европа, ќе се сретнат со собранискиот спикер Трајко Вељаноски.

Ќе остварат средба и со Антонио Милошоски, претседател на пратеничката група за соработка со Парламентот на Германија, како и со Нора Алити, заменик-претседател на Комисијата за европски прашања на Македонското собрание.