УКИМ формираше работна група за дебатата за подобрување на високото образование

12.02.2015 13:17

По формирањето на работните групи треба да започне дебатата за подобрување на високото образование...

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ формираше работна група која треба да учествува во дебатата за подобрување на пакетот реформи за подобрување на високото образование, информираше денеска Ректоратот на Универзитетот. 
 
Во врска со состанокот одржан на 6 февруари 2015 година, постигнатиот договор, како и Законите за изменување на Законот за високото образование и Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование, донесени на 36. седница на Собранието на Република Македонија на 11 февруари 2015 година, Ве известувам дека Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ формираше координативна работна група и истовремено Ве молам да закажете заеднички состанок, се вели во писмото од Ректоратот на УКИМ испратено до министерот за образование Абдилаќим Адеми.