Намален обем на товарниот железнички превоз поради бојкот на машинскиот персонал

12.02.2015 13:24

Бојкотот го организираат трите синдикати на машиновозачите и на машинскиот персонал...

Поради бојкот на машинскиот персонал во МЖ Транспорт, товарниот железнички превоз се одвива со намален обем. Патничките возови сообраќаат непречено, но синдикатите што го организираат бојкотот најавуваат негов целосен прекин за денеска, доколку не им бидат исполнети барањата. 

Бојкотот го организираат трите синдикати на машиновозачите и на машинскиот персонал. Бараат да биде потпишан колективниот договор и да се реши прашањето на бенефицираниот стаж, како и на прекувремената работа.

Директорот на МЖ Транспорт, Оливер Деркоски, вели дека машиновозачите незаконски се обидуваат да го попречат работењето и дека ја злоупотребуваат позицијата.