Со 20 милиони евра ЕБОР ќе го поттикнува женското претприемништво на Балканот
12.02.2015 13:27
Ќе се кредитираат мали и средни фирми од регионот, предводени од жени. Програмата „Жените и бизнисот“ е комбинација на финансиски средства, техничка поддршка, стратегија за намалување на ризикот ...

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбеди 20 милиони евра за развој на женското претприемништво на Балканот.
Ќе се кредитираат мали и средни фирми од регионот, предводени од жени. Програмата „Жените и бизнисот“ е комбинација на финансиски средства, техничка поддршка, стратегија за намалување на ризикот и советодавни услуги за фирмите.
Во проектот се вклучени и владите на Луксембург и на Шведска.
