Град Скопје ќе додели 3 милиони денари помош за поплавените општини
Градот Скопје, како Град на солидарноста, донесе одлука да даде помош на настраданите од поплавите во Република Македонија кои предизвикаа немерлива материјална штета...

Советот на Град Скопје денеска одржа вонредна седница на која донесе Одлука за давање помош на настраданите од поплавите во Република Македонија.
Со оваа одлука, Градот Скопје, како израз на солидарноста спрема настраданите од поплавите во Република Македонија, ќе даде парична помош во износ од 3 милиони денари.
Градот Скопје, како Град на солидарноста, донесе одлука да даде помош на настраданите од поплавите во Република Македонија кои предизвикаа немерлива материјална штета.
Согласно со оваа одлука, која Советот ја донесе едногласно, средствата ќе бидат префрлени на посебната наменска сметка за елементарни непогоди – поплави 2015 година, отворена во рамки на Трезорот на Министерство за финансии.
