Вељановски- Гојковиќ: Билатерална соработка на одлично ниво
12.02.2015 14:43
Нашите комисии треба да соработуваат за да го изодат патот до Европската Унија, рекоа двајцата соработници задоволни од третманот на малцинствата во двете држави...

Македонија и Србија немаат отворени прашања а билатералната соработка е на одлично ниво- ова е заклучокот од средбата на првите луѓе на парламентите на Македонија и Србија, Трајко Вељановски и Маја Гојковиќ.
Нашите комисии треба да соработуваат за да го изодат патот до Европската Унија, рекоа двајцата соработници задоволни од третманот на малцинствата во двете држави.
На средбата станало збор и за дијалогот меѓу МПЦ и СПЦ, да се охрабрат двете страни да го продолжат дијалогот.
