Фудбал

Пад за три позиции!

12.02.2015 15:15

Во однос на јануарското рангирање, нашиот национален состав падна за три позиции на листата на ФИФА и сега е 104-ти во светот.

Во однос на јануарското рангирање, нашиот национален состав падна за три позиции на листата на ФИФА и сега е 104-ти во светот. На претходното место на Македонија, 101-то, се наоѓа Белорусија, која ќе ни гостува на 27-ми март во квалификациите за Европското првенство во Франција. Тоа ќе биде наредниот натпревар на селекцијата на Бошко Ѓуровски.

Од другите противници во групата, најдобро котира Шпанија која е десетта светска сила. Словачка е 22-ра, Украина 27-ма, а подолу од нас е Луксембург на 129-то место.

Во „Ге–7“ друштвото нема промени. Прва е Германија, а зад неа се Аргентина, Колумбија, Белгија, Холандија, Бразил и Португалија. Во водечките десет се и Франција, Уругвај и Шпанија.

Со оглед дека нема натпревар од 15-ти ноември, македонската репрезентација немаше можност да влијае на рангирањето на ФИФА. Квалификациите ќе ги продолжиме против Белорусите дома, а во јуни ќе и гостуваме на Словачка. Завршните четири меча од овој циклус се во септември и во октомври. Досега имаме триумф над Луксембург и три порази во дуелите со Шпанија, со Украина и со Словачка.