Распродадени парцелите во економската зона Речани 2 во Велес
Голем интерес за отворање индустриски капацитети во Велесповолните услови ги користат и домашните бизнисмени...

Парцелите во индустриската зона Речани 2, во Велес ги добија своите сопственици. Општинската каса потешка за 12.000.000,00 денари. Локалната економија оди во нагорна линија. Компании кои имаат производствени капацитети се шират. Ќе градат и во Речани 2. Прва е Кинга, не е единствен пример, но идентично за оваа компанија е што новата фабрика, обезбедува 40 нови рабони места и е плод на соработка со странски партнер.
„Во флексибилната амбалажа имаме стратешки партенр од ителија со кој сме во преговори да го освојуваме и европскиот пазар. Тие преговори сеуште се во тек и со самото тоа кога ќе завршат преговорите ќе знаеме точно колкава градба ќе применине на парцелата која ја купивме“, рече Ангел Андовски, управител.
Постапката за добивање на градежна дозвола дел од инвеститорите веќе ја започнале.
За две години овој простор овде треба да биде полн со производствени капацитети. Тука се планира свое вработување да најдат двеста велешани.
Локалната власт, енергијата сега ја насочува кон создавање на ИЗ Мамутчево. Парцелите биле исцртани, докумантацијата за пренамена од земјоделско во градежно земјиште испратена во Влада.
„Тие парцели би биле поголеми, би се движеле меѓу 5 и 10 хектари, бидејќи и самата местоположба, но и самиот начин на вложување за посериозни работи наметнува барање за поголеми парцели“, рече Славчо Чадиев, градоначалник на Велес.
Во Велес постојат неколку зони, но најмногу вработувања засега се очекува да има во ИЗ Караслари, каде инвестираат две странски компании.
Дијана Иванова
