Фудбал

Пандев назад во Италија!

12.02.2015 16:43

По само една сезона во турски Галатасарај, Горан Пандев од наредната ќе се врати во Калчолигата.

По само една сезона во турски Галатасарај, Горан Пандев од наредната ќе се врати во Калчолигата. По Лацио, Интер и Наполи, Пандев во следните две сезони најверојатно ќе игра за Џенова, објавиа италијанските медиуми.

Желбата на Пандев да се врати во Италија била голема, па наводно се согласил на намалување на годишната плата на 1,3 милиони евра, иако сега во Галатасарај заработува по 2,4 милиони евра по сезона.