Кире „барселониста“!
Најдобрите знаат да го вреднуваат квалитетот, 34 – годишниот Кире Лазаров и Барселона го продолжија договорот на уште две сезони.

Најдобрите знаат да го вреднуваат квалитетот, 34 – годишниот Кире Лазаров и Барселона го продолжија договорот на уште две сезони. Македонскиот ракометен капитен го живее сонот и ќе се обиде до 2017-та со каталонскиот гигант да ја оствари големата желба, да биде шампион на Европа..
Лазаров досега со Барса освои девет трофеи и двапати беше нејзин најдобар стрелец и во АСОБАЛ - шпанското првенство и во Лигата на шампионите во којашто сезонава е прв голгетер со 64 погодоци.
Барселона е рекордер со 8 трофеи во елитното европско натпреварување. Последен пат титулата ја освои пред четри години, а пред две играше во финалето.
