Скијање – СП Бивер Крик

Ристевски најдобар Македонец во квалификациите!

13.02.2015 09:32

Никој од четворицата наши скијачи преку квалификациите не успеа да се пласира на утрешниот велеслалом на Светското првенство во американски Бивер Крик. Антонио Ристевски е најдобропласиран со 36-то време.

Никој од четворицата наши скијачи преку квалификациите не успеа да се пласира на утрешниот велеслалом на Светското првенство во американски Бивер Крик. Антонио Ристевски е најдобропласиран со 36-то време. Дваесетипетмина обезбедија директен пласман на главните трки.

Сепак, според правилата секоја земја учесничка има право на по минимум еден скијач, па најверотно поради најдобриот фис рејтинг, па Ристевски утре ќе ја претставува Македонија меѓу мундијалската елита.

Меѓу 85-те скијачи Дардан Деари го освои 45-то место, 16-годишниот Лука Божиновски имаше 52 резултат, а Марјан Нашоку беше 59-ти.