Недостатоци во градинарството

09.01.2014 11:28

 Вкупно градинарството кај нас  има пазарни вишоци, но малите количества  по производител се проблем за поголем пласман. За негово решавање здружувањето, кооперативите  и договорањето со трговците се дел од Владината извозна стратегија.  

Планирање на производството,обезбедување стабилни приноси ,квалитет и посигурни приходи, се сеуште недостатоци во градинарството.

Иако производството на зеленчук и преработувачката индустрија бележат пораст, присутен е проблемот со организиран пласман ,еднаков квалитет и недостигот на стандардизирани суровини за  извоз.

Зајакнувањето на директната соработка на прехранбената индустрија и кооперантите,според експертите, се решава со дополнителните субвенции за зеленчукот предаден во преработувачките капацитети.

Воведувањето и на земјоделските советнци за секој производител,ќе биде со цел за поблиска соработка меѓу фармерите и преработувачите за поголемо производство и пласман.

Мето Трајков