Скијање – СП Вејл

Шампионско скијање на Фенингер!

13.02.2015 09:34

Австријската скијачка Ана Фенингер го освои шестиот медал на Светските првенства, трет во Вејл по златото во супер-џи и среброто во спуст.

Австријската скијачка Ана Фенингер го освои шестиот медал на Светските првенства, трет во Вејл по златото во супер-џи и среброто во спуст. 25-годишната Фенингер беше убедливо најбрза во велеслаломот и триумфираше со речиси секунда ипол подобар резултат од Германката Викторија Ребенсбург и од Швеѓанката Џесика Линдал – Викарби.

По женскиот велелсалом, а во пресрет на трите завршни мундијалски дисциплини, Австрија е најуспешна со 8 медали, од нив 5 златни. Благодарение на Тина Мазе која во велеслаломот беше петта, Словенија е втора со 4 одличја, две најсјајни.

Утре во истата дисциплина ќе се натпреваруваат скијачите.