Ракомет

Нови шампионски предизвици

14.02.2015 23:39

Три наши екипи се пред сериозни предизвици во елитната лига на европските шампиони.

Три наши екипи се пред сериозни предизвици во елитната лига на европските шампиони. Викендот го отвораат ракометарите на Вардар кои од 19 часот во спортскиот центар Јане Сандански го пречекуваат француски Монпеље во обид да се зацврстат на втората позиција во групата во ситуација кога нок-аут фазата е веќе обезбедена, а во последните две кола треба да се одржи добрата стартна позиција во пресрет на осминафиналето. Во групата Веспрен е неприкосновено напред со 14 бода, Вардар има три помалку, но и еден повеќе од третопласираниот Рајн Некар Левен со кого би требало во последното групно коло да се решава за втората позиција на табелата.

За разлика од Вардар екипата на македонскиот шампион Металург по сите превирања и комплетната промена на составот е без резултатски императив пред утрешното гостување кај лидерот во групата Кил, но останува обврската на младите ракометари од Автокоманда во дуел со еден од европските гиганти да не убедат во своите, но и во потенцијалите на македонскиот клупски и репрезентативен ракомет.

Со засилен стручен штаб во името на еден од најуспешните тренери Јан Питлик, екипата на ЖРК Вардар утре во Волгоград му гостува на составот на Динамо во обид за втора победа во втората фаза по групи во лигата на шампионите и фаќање приклучок со водечката екипа на Будуќност која вчера го победи Крим на гости со 23-20 и суверено води со 13 поени пред Динамо со 8, Лајпциг со 6 и Вардар со 5 бода.