Завршни трки на СП
Антонио Ристевски,Дардан Деари,Бесар Иљази и Гентиан Куртиши се четворицата македоснки скијачи кои низ квалификациските трки ќе се обидат да обезбедат место на утрешната завршна салом трка на светското првенство во Алпско скијање.

Антонио Ристевски,Дардан Деари,Бесар Иљази и Гентиан Куртиши се четворицата македоснки скијачи кои низ квалификациските трки ќе се обидат да обезбедат место на утрешната завршна салом трка на светското првенство во Алпско скијање. Без оглед на пласманите во квалификациите извесно е дека македонија ќе има барем еден свој претставник во најтехничката дисциолина,како што Деари имаше можност да го почувствува заедничкиот настап со елитата во велеслаломскиот натпревар на кој го освои 64-тото место, а мина под знакот на триумфот на американецот Тед Лигети кој не само што им го донесе првиот златен медал на американците туку влезе и во историјата како единствен што на три светски првенства полседовно освојува златен медал, а во 2009-тата серијата злата ја најави со бронзен медал.
Лигети имаше одлична втора трка во која анулира значајна негатива во однос на водечкиот Марсел Хиршер кој на крајот го освои второто место, додека трет беше французинот Алекс Пинтурол. Претполседниот мундијалски ден во Бивер Крик минува под знакот на дамите кои ги возат слаломските трки.
