Скијање

Шифрин го одбрани слаломското злато

14.02.2015 23:53

19 годишната американка Микаела Шифрин ја одбрани светската титула во слалом откако триумфира во полседната дисциплина во женска конкуренција на светското првенство во Бивер Крик.

19 годишната американка Микаела Шифрин ја одбрани светската титула во слалом откако триумфира во полседната дисциплина во женска конкуренција на светското првенство во Бивер Крик. Иако во втората трка Шифрин имаше само 4-то време, сепак предноста од 40 стотинки по првото возење во однос на Фрида Хансдотер од Шведска се покажа сосема доволна за освојување на нов златен медал во најтехничката алпска дисциплина. Второто место го освои Хансодер со 34 стотинки зад американката, а трета беше Шарка Страхова со 77 стотинки зад победничката потврдувајќи го редоследот како и по првото слалом возење. Мундијалот во алпско скијање ќе заврши со машкиот слалом во кој еден претставник ќе има и нашава земја, иако ниту еден од 4-та наши скијачи не успеа да ја заврши првата квалификациска трка.