Втора НБА Ол старс вечер – Кари најпрецизен, Беверли највешт, Левин како Џордан ...
Титулата за најдобар шутер за три поени ја заслужи Стив Кари.Ѕвездата на лидерот на западната конференција Голден Стејт имаше импресивен финален настап во кој оствари 27 поени и ги погоди сите 13 последни обиди.

Титулата за најдобар шутер за три поени ја заслужи Стив Кари. Ѕвездата на лидерот на западната конференција Голден Стејт имаше импресивен финален настап во кој оствари 27 поени и ги погоди сите 13 последни обиди. Во едно такво блескаво издание без шанси во финалето беа неговиот соиграч Клеј Томпсон и Кајри Ирвинг од Кливленд, кој беше најдобар пред две години. Не помалку возбудливо беше и „слем данк“ натпреварот во кој победи 19 годишниот Зах Левин, кој стана втор најмлад освојувач на трофејот, по Коби Брајант. Кошакарот на Минесота на стартот настапи облечен во дресот на Мајкл Џордан од филмот „спејс џем“ во 96 година. во завршната пресметка убедливо беше подобар од Виктор Оладипо од Орландо со 94 :72.
Претходно Партик Беверли од Хјустон го заслужи признанието за највешт кошаркар, откако во финалето на „скилс челенџ“ беше поумешен од Брендон Најт од Милвоки. Конечно, микс триото во состав Крис Бош, Свин Кеш и Доминик Вилкинс по третпат ја освои наградата во прецизност во шутеви од различни позиции, каде што настапуваат по една актуелна НБА звезда од машката и од женската лига, како и еден поранешен суперстар. Рано наутро во 2 часот по полноќ е кулминација на „ол старс“ викендот, кога на програмата е вечната пресметка меѓу звездите од Источната и од Западната конференција. Минатата година кошаркарите од истокот победија со 163 : 155 и во досегашните соочувања водат со 37 : 26 во победи.
