Жртви во експлозија во фабрика во Јапонија
Несреќа во фабрика за производство на силиконски материјал во сопственост на „Мицубиши“ во градот Јокачи во централниот дел на Јапонија. Од силната експлозијата која се случила изутрината неколкумина работници загинале, а има и голем број повредени, но се уште не се знае точниот број. Според првичните информации, експлозијата ја предизвикала хемиска реакција.
Грција

Несреќа во фабрика за производство на силиконски материјал во сопственост на „Мицубиши“ во градот Јокачи во централниот дел на Јапонија. Од силната експлозијата која се случила изутрината неколкумина работници загинале, а има и голем број повредени, но се уште не се знае точниот број. Според првичните информации, експлозијата ја предизвикала хемиска реакција.
Грција
И покрај забраната за протести за време на церемонијата на преземањето на шестмесечното претседателство со ЕУ, во Атина судир на полицијата со демонстрантите. Полицијата со солзавец ги растерувала граѓаните кои се обиделе да го урнат полицискиот кордон пред атинскиот Универзитет.
Има нешто расипано во срцето на Европската унија. Таа е главниот механизам за наметнувањето мерки за штедење и намалување на работничкото мнозинство и е виновна за социјалната криза во Грција. -демонстрант
Женева
Нова рунда преговори за спроведување на договорот за иранската нуклеарна програма меѓу Иран и шесте светски сили во Женева. Во пресрет на разговорите, министерот за надворешни работи на Иран Џавад Зариф, кој е и шеф на иранската преговарачка група, изрази оптимизам дека двете страни би можеле да ги решат сите прашања за спроведување на договорот. Но медиумите шпекулираат дека разговорите би можеле да наидат на нови пречки.
Тајван
Продолжуваат протестите во Тајван. Илјадници луѓе ги блокираа главните патишта и Владата во пресрет на изборите што треба да се одржат на 2 февруари. Демонстрациите траат еден месец, а поддржувачите на Владата на Шинаватра се загрижени за состојбата во земјата и сметаат дека доколку протестите не престанат, состојбата може да ескалира.
Канада
Во Канада е регистриран првиот смртен случај на заболен од причји грип. Според лекарите, жртвата била во посета на Кина кога се појавиле првите симптоми. Канадската министерка за здравство Рона Еброз изјавила дека случајот е изолиран и дека нема опасност за здравјето на луѓето. Според Светската здравствена организација, до средината на декември се регистрирани 648 случаи на оваа болест.
Марија Петковска
