За 24 часа, нов светски рекорд - Андерс Фанемел леташе 251 ипол метри
Во незаборавниот викенд во светскиот куп во скијачки летови во норвешкиот скијачки центар Викерсунд на двапати се поместуваше границата на човековите можности.

Во незаборавниот викенд во светскиот куп во скијачки летови во норвешкиот скијачки центар Викерсунд на двапати се поместуваше границата на човековите можности. Само еден ден по фантастичниот рекорд на Петер Превц од 250 метри, по вторпат е соборен светскиот рекорд во скијачки летови. Сопственикот на новиот рекорд е 23 годишниот Норвежанец Андерс Фанемел кој уште во првата серија на големата скокалница во Викерсунд долета до 251,5 метри со што за метар и половина го подобри досегашниот рекорд на Словенецот Превц.
Во втората серија славеникот имаше само 202 метри, па заврши на втората позиција. Победи германскиот скокач Северин Фројнд со 237,5 и 245 метри а третопласиран уште еден домашен натпреварувач Јохан Андре Форфанг. Словенецот Превц заврши на скромното 16 место, но го задржа првото место во генерален пласман со 1265 бода, пред Австриецот Штефан Крафт со 1208 и денешниот победник Фројнд со 1163 бода.
