ИД емитуваше снимка од егзекуцијата на 21 египетски христијани Копти
16.02.2015 09:22
На снимката се гледаат Египќаните облечени во портокалова облека, како клечат на колена непосредно пред да им бидат отсечени главите...
Џихадистичката група Исламска држава (ИД) емитуваше видео снимка од масовната егзекуција на 21 египетски христијани-Копти, кои беа заробени во Либија во текот на нападите во реонот на градот Сирт.
На снимката се гледаат Египќаните облечени во портокалова облека, како клечат на колена непосредно пред да им бидат отсечени главите.
Сите егзекутирани египетски Копти, работеле во оваа северноафриканска земја како градежни работници. Биле заробени во текот на декември минатата и јануари оваа година.
Официјален Каиро остро го осуди „варварското убиство„ на египетските христијани.Претседателот Абдел Фатах ал Сиси предупреди дека „Египет го задржува правото да возврати,на секаков можен начин“.
