Штети од поплавите: Најмногу настрадаа есенските посеви во Пелагонија

16.02.2015 11:31

Првичните податоци од поплавите покажуваат дека штети ќе има на 16 000 хектари жито. Најголем дел или 14.600 се во општините Mогила и Новаци...

Најмногу настрадаа есенските посеви во Пелагонија покажуваат првите проценки на општините  за штетите од поплавите. Од вкупно 34.700 хектари, 16.500 се со житните култури, а 7.100 се не насеани ниви.

Во Новаци и Могила поплавите зафатиле 14.000 посеани, 4.000 ненасеани и 800 хектари површини со фуражни култури.

Од овошните и лозовите насади најзагрозени се 560 хектари и тоа во струмичко, Конче, Валандово и мал дел во Берово.

На исто толкави површини, во истите региони настрадаа и градинарските култури.

Кај добитокот досега се проценува дека имаат настрадано 70 свињи, 70 прасиња и 6 тони риба.

 

Методија Трајков