Автомобилизам, рели Дакар

Саинц нов лидер по четвртата етапа

09.01.2014 11:43

Шампионот од 2010 Карлос Саинц триумфираше синоќа во најтешката четврта етапа од годинашното издание на релито Дакар, коешто и овој пат се вози низ Јужна Америка. По најдолгиот специјал воопшто во последните девет години на релито од вкупно 657 километри, меѓу аргентинските Сан Хуан до Чилесито, шпанскиот возач на СМЏ Баги ја мина целната линија за повеќе од шест минути побрзо од автомобилистот на Мини, 11-кратниот славеник, Французинот Стефан Петерхансел. Девет минути побавен беше Катарецот Насер Ал Атијах, исто така во Мини.

Шампионот од 2010 Карлос Саинц триумфираше синоќа во најтешката четврта етапа од годинашното издание на релито Дакар, коешто и овој пат се вози низ Јужна Америка. По најдолгиот специјал воопшто во последните девет години на релито од вкупно 657 километри, меѓу аргентинските Сан Хуан до Чилесито, шпанскиот возач на СМЏ Баги ја мина целната линија за повеќе од шест минути побрзо од автомобилистот на Мини, 11-кратниот славеник, Французинот Стефан Петерхансел. Девет минути побавен беше Катарецот Насер Ал Атијах, исто така во Мини. По оваа 26-та победа во кариерата, Саинц го презеде и водството во севкупниот поредок, на чие чело сега има предност од две минути и шест секунди во однос на сонародникот Нани Рома, уште еден член на Мини. Ал Атијах на третото место доцни речиси шест минути. Петерхансел е петти со над 18 минути заостанување.

Пократок беше специјалот за мотоциклистите, меѓу кои првиот етапен успех го оствари Шпанецот Хуан Педреро Гарсија на Шерцо. Тој ја победи конкуренцијата од КТМ, откако резултатот му беше за 29 секунди подобар од оној на Чилеанецот Франсиско Лопез, а за три минути и десет секунди од времето на Шпанецот Марк Кома. Потфрли петкратниот шампион, Французинот Сирил Депре од Јамаха, кој поради проблеми со моторот во финишот потроши многу време. Падна на шестото место во генералниот пласман со заостанување од 41 минута зад лидерот, Шпанецот Хоан Бареда Борт на Хонда. Втор е кома, кој доцни три минути и 10 секунди, а трет Лопез, со доцнење од пет минути и 12 секунди.