Каиро возвраќа на екстремизмот!

16.02.2015 11:36

Eгипетското воено воздухопловство почна со напади на цели на Исламската држава по свирепото убиство на Египетските копти. Погодени се осум тренинг центри и складишта за оружје. Претседателот Ал Сиси најави радикална борба и ги повика граѓаните да не патуваат во Либија...

Седумдневна жалост во Египет по свирепото убиството на 21 Египетски копти од страна на екстремистите од Исламска држава во Либија.  Во видеото со наслов „Порака напишана со крв за следбениците на крстот“,  заложниците се облечени во портокалова униформа и на најсвиреп начин се обезглавуваат.

Веднаш по неговото објавување џихадистите соопштија дека егзекуцијата е одговор на нападите на муслиманките во Египет. Претседателот на Египет, Ал Сиси свика итен состанок на највисокиот државен врв, а потоа во телевизиско обраќање до нацијата предупреди дека Каиро ќе возврати на екстремизмот.

„Египет има полно право во соодветно време и на соодветен начин да се одмазди на убиците на ова свирепо убиство“, изјави Абдел Фатах Ал Сиси, претседател на Египет.

Ал Сиси издаде наредба граѓаните  да не патуваат кон западниот сосед поради лошата безбедносна состојба.

„Сакам претседателот да го врати мојот син“, вели мајка на убиен заложник.

„Египет не направи ништои за да ги ослободи заложниците. Тие не отидоа во Либија заради забава туку да заработат  пари за егзистенција“, додава брат на убиен заложник.

Исламската организација Ал Захар го осуди варварското убиство со порака дека тој чин нема никаква врска со религијата. И Белата Куќа реагираше за масовната егзекуција, додека јапонската влада вети донација од 15 милиони долари за борбата против Исламска држава.

 

Марија Петковска