„Свадбениот пат“ на охридската јагула сеуште загрозен
Се уште не постои проект за заштита на охридската јагула. Хидроцентралите главна пречка за нејзиниот „свадбен пат“ најголемиот број од младите јагули не можат да се вратат назад во татковината- Охридското Езеро...

Патот на јагулата и нејзиното љубовно патување од Охридското Езеро до Саргаското море се уште буди голем интерес кај пошироката јавност. Она што е интересно е дека новородените јагули се враќаат повторно назад во Охридското езеро. Старото име на Струга кое го носело називот „Енхалон“, што во превод значи Јагула, која според екологистите и познавачите на овој стар вид на риба децении назад претставува патрон на градот.
„За Струга поважна е јагулата, затоа што името на градот Струга од исконот е Јагула, јагула каде што на нашиот јазик значи тоа, но на старо-македонски се викала Енхалон“, вели Мате Гогоски - екологист.
Со изградбата на хидроцентралите по течението на реката Црн Дрим, патот на јагулата е загрозен.
„Таа од 1962 година е ставена на знак прашање со нејзиното опстојување и размножување во Сарагаското море. Со изградба на хидроцентралите, свадбениот пат на јагулата е загрозен. По преданијата во Охридското езеро живеат само женски јагули кои што не се мрестат во езерото“, вели екологистот Мате Гогоски.
Пред неколку години постоеше идеја за изградба на каскади или тунели низ кои јагулата ќе може непречено да го продолжи патот до Саргаското море каде се размножува, но за таа идеја се уште не постои конкретен проект, најверојатно поради паричните средства кои треба да се издвојат за големата промена која треба да се изврши на самите хидроцентрали.
Јованчо Наумоски
