Компаниите од ТИРЗ со извоз вреден 1,17 милијарди евра

15.02.2015 17:53

Македонскиот извоз расте побрзо од увозот. Лани се зголемил за 15,6%. Бизнис секторот очекува раздвижување на домашната економија, како резултат на мерките на ЕЦБ...

1,17 милијарди евра или речиси една третина од извозот на земјава лани го креирале странските компании во технолошко индустриските зони. Податоците покажуваат раст од 52% во однос на претходната година. Кај увозот зголемувањето изнесува 43%. Најголем дел од компаниите во зоните веќе се движат кон оптималниот степен на производство и ја отвораат вратата за соработка со локалните фирми.

Нашите производи стануваат сè побарани на светските пазари. Македонскиот извоз расте побрзо од увозот. Лани се зголемил за 15,6%. Бизнис секторот очекува раздвижување на домашната економија, како резултат на мерките на ЕЦБ. Од ССК велат дека се отвора можност за пласман и поголема соработка со трговски партнери од еврозоната.

Бројките на Државниот завод за статистика покажуваат дека најголем раст во трговска размена има  во секторите каде припаѓаат компаниите од слободните зони. Европската унија е главниот трговски партнер на Македонија. Половина од вкупната размена се одвива со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија. Сепак, домашните фирми го меркаат и големиот азиски пазар.

 

Сунчица Николовска