Бизнисмените од регионот на заедничка средба во Приштина

14.02.2015 17:55

Компании од Македонија, Албанија и Косово разменија искуства и ги промовираа своите производи со цел остварување на нови контакти и заеднички настап на трети пазари...

Повеќе од 100 бизнисмени кои се занимаваат со производство, преработка и трговија со прехрамбени производи, комплементарни бизниси како супермаркети, дистрибутери на машини на заедничка средба во Приштина.

Компании од Македонија, Албанија и Косово разменија искуства и ги промовираа своите производи со цел остварување на нови контакти и заеднички настап на трети пазари.

Вмрежувањето на компаниите беше со подршка од  банката која нуди финансиска подршка на малите и средни претпријатија, Прокредит банка како дел од стратегијата за поддршка на развојот на локалните бизниси.

Банката во својата развојно ориентирана мисија, покрај финансиска услуга на бизнисите им нуди и  можност за развој на нови регионални бизнис контакти и партнерства. Клиентите имаа можност да остварат деловна соработка со бизниси од интерес преку серија на регионални бизнис средби.

„На бизнисите кои учествуваа на овој настан им овозможивме да запознаат нови партнери, да пронајдат нови пазари за своите прозиводи и да го прошират своето работење во регионот. Услугата од ПроКредит Банка за ваквите бизниси е прилагодена да го поддржи нивниот регионален развој. Односот меѓу бизнисите е значаен за развојот на нашата економија и ваквите настани ќе продолжиме да ги организираме“, рече Емилија Спировска, член на Управен Одбор на ПроКредит Банка Македонија.

 

Дијана Ценевска