Разговори меѓу МОН, УКИМ и Студентскиот пленум за Законот за високо образование
16.02.2015 12:54
Се уште нема конкретни информации каде и кога ќе почне средбата на ниво на работни групи, при што ќе се разговара за концептот и текстот на Законот за високо образование...

За денеска е најавена средба на која ќе се сретнат претставници на Министерството за образование и наука, универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и претставници од Студентскиот и Професорскиот пленум.
Се уште нема конкретни информации каде и кога ќе почне средбата на ниво на работни групи, при што ќе се разговара за концептот и текстот на Законот за високо образование.
Студентски пленум во соопштение до јавноста инсистира претставници од владата и Министерството за образование да дојдат и да дебатираат во универзитетот.
