Патувања за време на бременост

09.01.2014 11:47

Вашиот лекар треба да одлучи во колкав обем и со кое превозно средство може да патувате. Долгите патувања со автомобил повеќето жени ги заморува, а во некои случаи може да предизвикаат и поголеми проблеми. Ако имате итна причина за патување направете го тоа во повеќе етапи, за да не го почувстувате заморот. Патувањето со брод е погодно, доколку нема бранови.Кога ќе одлучите да патувате, не треба во никој случај да заборавите дека ќе бидете далеку од својот лекар, кој е потполно запознает со вашата состојба во случај да ви имате потреба од помош.

Вашиот лекар треба да одлучи во колкав обем и со кое превозно средство може да патувате. Долгите патувања со автомобил повеќето жени ги заморува, а во некои случаи може да предизвикаат и поголеми проблеми. Ако имате итна причина за патување направете го тоа во повеќе етапи, за да не го почувстувате заморот. Патувањето со брод е погодно, доколку нема бранови.Кога ќе одлучите да патувате, не треба во никој случај да заборавите дека ќе бидете далеку од својот лекар, кој е потполно запознает со вашата состојба во случај да ви имате потреба од помош. Исто така треба да знаете, дека природата на човекот тешко бара медицинска помош надвор од местото на живеење.Во текот на првите осум месеци е дозволено патување со авион под услов да претходните бремености поминале без никакви проблеми, и ако немате тешкотии со патување. За време на последните два месеци, повеќето авионски компании ќе ви побараат писмена потврда од вашиот лекар кој го одобрува патувањето. Доколку имате пропишано било каква диета - за смалување на солите, маснотиите или јаглено-хидратите - авионската компанија ќе се погрижи сето тоа да го обезбеди, ако навремено ја известите.Ако сте принудени да патувате, тогаш возот или авионот се најпогодни. Возот е пријатен за долги патувања. Препорачливо е да бидете во местото на живеење последните два месеца од бременоста или пак во почетокот на осмиот месец да престојувате во местото каде што планирате да се породите.