Јоханес Хан утре во официјална посета на Македонија

16.02.2015 13:00

Еврокомесарот со државниот врв треба да разговара и за акцискиот план на владата за членство во Европската унија...

Во прва официјална посета на земјава, утре пристигнува Јоханес Хан, еврокомесарот за соседство и проширување. Хан веќе побара од опозицијата да се врати во парламентот, и таму да се решаваат политичките прашања.

Еврокомесарот со државниот врв треба да разговара и за акцискиот план на владата за членство во Европската унија, предвиден со билатералниот договор меѓу Брисел и Скопје, преку високиот дијалог за односи со Унијата.