Заедничка седница на владите на Македонија и Србија

16.02.2015 12:41

Според најавата, на седницата ќе бидат разгледани повеќе прашања од билатерален интерес, а предвидено е потпишување и на неколку меѓувладини договори. Се очекува да стане збор и за европската интеграција на двете земји, за регионалната соработка...

Во Скопје е во тек заедничка седница на владите на Македонија и на Србија со која претседаваат премиерите Никола Груевски и Александар Вучиќ.

Според најавата, на седницата ќе  бидат разгледани повеќе прашања од билатерален интерес, а предвидено е потпишување и на неколку меѓувладини договори. Се очекува да стане збор и за европската интеграција на двете земји, за регионалната соработка, за унапредување на економските односи, за зголемување на трговската размена, како и за заеднички инфраструктурни проекти.

Покрај заедничката пленарна седница, предвидено е премиерите Груевски и Вучиќ да имаат и тет-а-тет средба, како и заедничка изјава за медиумите. Српскиот премиер Вучиќ ќе се сретне и со македонскиот претседател Ѓорге Иванов и со претседателот на собранието Трајко Вељаноски.

Ова е втора заедничка седница на двете влади. Првата беше одржана на 3-ти јуни 2013 година во Белград. Освен со Србија, владата на Македонија досега има одржано заедничка седница и со владата на Бугарија, на 28-ми јули 2013 година во Ќустендил, а иницијативи за одржување меѓувладини седници има и со Албанија и со Косово.