Донација од 10.000 евра на М-НАВ за настраданите во поплавите
16.02.2015 13:35
Одлуката ја донесе Управниот одбор на М-НАВ, а донацијата ќе биде извршена согласно Законот за донации...

Парични средства во висина од 10.000 евра во денарска противвредност за настраданите од поплавите во Македонија ќе донира Акционерското друштво за давање услуги во воздухопловна навигација, М-НАВ.
Одлуката ја донесе Управниот одбор на М-НАВ, а донацијата ќе биде извршена согласно Законот за донации, соопштуваат од М-НАВ.
