Зврлевски: Не би коментирал случај кој е во фаза на истрага

16.02.2015 14:06

Не би ги коментирал наводите изнесени на прес-конференцијата на СДСМ, но како јавен обвинител не сум постапувал по ниеден предмет каде пријавено лице било министерот за финансии, изјави денеска јавниот обвинител...

За случајот со доставените аудио снимки од прислушувањата на лидерот на опозицијата се огласи и Јавниот обвинител, Марко Зврлески. Тој беше дециден дека не сака да коментира за случај кој е се уште во фаза на истрага.

Не би ги коментирал наводите изнесени на прес-конференцијата на СДСМ, но како јавен обвинител не сум постапувал по ниеден предмет каде пријавено лице било министерот за финансии, изјави денеска јавниот обвинител.

Јавните обвинители кои постапуваат по предметите се апсолутно независни во своето постапување и самостојни и нив ги обврзуваат само количината и основаноста на доказите, сомнението поткрепено со доказите. Од мене никој не побарал да се отфрли некаква кривична пријава, ниту пак јас сум побрал од некој обвинител тоа да го направи, истакна Зврлевски, одговарајќи на новинарски прашања на националната конференција за постапување со деца жртви на насилство.