Унгарската полиција уапси нови 185 лица за илегален премин на границата

16.02.2015 14:19

Најголемата група е уапсена во близина на селото Морахалом, во која биле 52 лица од Косово, Авганистан и Сирија, што илегално ја минале „зелената граница“...

Унгарската полиција потврди дека на територијата на пограничниот регион Чонград уапсила нови 185 лица за илегален премин на границата, во најголем дел од Косово.

Најголемата група е уапсена во близина на селото Морахалом, во која биле 52 лица од Косово, Авганистан и Сирија, што илегално ја минале „зелената граница“. 

Унгарската полиција објави дека е започната постапка против 174 лица од Косово и уште 52 илегални имигранти од неколку држави, што се уапсени во периодот меѓу 13 и 15 февруари на територија на Унгарија. 

Во изминатите 72 часа унгарската полиција уапси за илегален премин на границата 1.298 лица.