Хуманитарната акција за помош на поплавените подрачја продолжува, досега опфатени 600 семејства

16.02.2015 14:39

Заклучно со 16 февруари 2015 година на трите донаторски телефони обезбедени се вкупно 9.089.500 денари. На сметката на Фондот на солидарност на Црвениот крст на РМ уплатени се вкупно 1.886.644 денари...

Поради големиот интерес од страна на граѓаните и компаниите за вклученост и обезбедување на донации во парични средства за помош за настраданото население од поплавените подрачја, Црвениот крст на Република Македонија соопшти дека хуманитарната акција за помош во парични средства продолжува до 22.02.2015 година.

Во досегашниот период Црвениот крст дистрибуираше вкупно 855 пакети со прехранбени артикли, 965 пакети со средства за хигиена, 302 т. вода за пиење, 2.296 ќебиња, 40 душеци, 415 гумени чизми, 780 литри средства за дезинфекција. Со хуманитарната помош опфатени се над 600 семејства од поплавените подрачја.

Заклучно со 16 февруари 2015 година на трите донаторски телефони обезбедени се вкупно 9.089.500 денари. На сметката на Фондот на солидарност на Црвениот крст на РМ уплатени се вкупно 1.886.644 денари. Средствата наменски ќе бидат реализирани согласно проценката за задоволување на приоритетните потреби на настраданото население од поплавите, соопштуваат од Црвениот крст на РМ.

Како следна фаза на дејствување за помош на настраданото население, Министерството за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст на РМ на локално ниво  формираа заеднички тимови за проценка на потребите на настраданото насление од поплавените подрачја. Врз основа на направената процена, Црвениот крст на РМ во координација со надлежните владини институции во наредниот период ќе имплементира соодветни активности за помош на настраданото население.