Меркел: Загрижува состојбата во Дебалцево
16.02.2015 15:28
Од нејзината канцеларија соопштуваат дека е важно да почне повлекување на тешкото вооружување, како што е предвидено според мировниот договор постигнат минатата недела...

Германската канцеларка Меркел оцени дека примирјето на истокот од Украина во главно се почитува, но дека загрижуваат борбите што и натаму се водат околу Дебалцево.
Од нејзината канцеларија соопштуваат дека е важно да почне повлекување на тешкото вооружување, како што е предвидено според мировниот договор постигнат минатата недела.
Претходно украинската војска соопшти дека не е подготвена да го повлече оружјето бидејќи проруските сили го прекршуваат прекинот на огнот.
Од друга страна, проруските сили рекоа дека ќе го повлечат тешкото вооружување дури откако примирјето ќе се применува во целост.
Во меѓувреме, двете страни меѓусебно се обвинуваат за непочитување на договорот.
