Проблеми за ПСЖ пред дуелот со Челзи!
Патиштата на Пари Сен Жермен и на Челзи се вкрстуваат две години по ред. Овој пат во осминафиналето од Лигата на шампионите. Нема дилеми дека повторно пред нас ќе биде извонредна пресметка...

Ланското четврфинале покажа дека двата тима имаат изедначен квалитет и дека во нивните меѓусебни дуели решаваат нијанси. Рамноправен двомеч очекува фудбалскиот свет и сега!
Патиштата на Пари Сен Жермен и на Челзи се вкрстуваат две години по ред. Овој пат во осминафиналето од Лигата на шампионите. Нема дилеми дека повторно пред нас ќе биде извонредна пресметка. Првите 90 минути повторно се на „Паркот на принцовите“ во Париз каде што лани франускиот тим обезбеди позитива од 3-1. Таков резултат домаќинот посакува и утре, иако и тоа не мора да биде гаранција за целосен успех. Лани Челзи триумфираше во Лондон со 2-0 и поради гол на гости се пласираше во полуфиналето. Затоа „сините“ а Мурињо знаат дека добрар резултат на првиот натпревар ќе ги стави во поволна позиција пред реваншот. А шансите за такво нешто се зголемуваат со оглед дека парискиот состав има многу персонални проблеми. Лукас Моура, Серж Орие и Јоан Кабај заработија провреди во ремито 2-2 со Каен минатиот викенд и нема да настапат. Под знак прашање се Маркињос и Матуиди. За Тјаго Мота лекарите ќе решаваат на последниот тренинг вечер, а Хавиер Пасторе сигурно нема да биде меѓу кандиодатите за настап.
Многу проблеми за Лоран Блан, но и никаква сигурност за Челзи дека во Париз ќе го оствари посакуваниот резултат. Сепак, се работи за екипи коишто можат да одат далеку во фудбалската Лига на шампионите.
