Расте бројот на џихадисти во Австрија

16.02.2015 15:54

Околу 70-ина џихадисти се вратиле во Австрија, а триесетина го загубиле животот во борбите...

Минстерката за внатрешни работи на Австрија посочи дека бројот на лица што од Австрија заминале во џихад во Сирија се искачил на 190. Во меѓувреме, околу 70-ина џихадисти се вратиле во Австрија, а триесетина го загубиле животот во борбите.

Според проценките на известувачките служби од Европа во Сирија и во Ирак се борат околу 4.000 странски борци.

По нападот во Копенхаген, во Австрија е зголемен степенот на готовност, но властите смируваат дека нема место за паника.