Од општина Струга молк за проблемот со кучињата скитници
Граѓаните и здруженијата одговорноста за кучињата ја бараат во општина Струга. Од таму и денес молк...

Проблемот со кучињата скитници каде во последниве два дена искасапија буквално двајца граѓани на Струга, не ја допира општина Струга која и денес остана глува на новинарските прашања за нејзината одговорност. И здруженијата и граѓаните проблемот го гледаат во не заинтересираноста на општината да се вклучи во решавање на овој голем проблем.
„Обавезно да превземат нешто градоначалникот на Струга и службите за да не бидат граѓаните нападнувани“.
„Тие се кучиња скитници, треба да се притворат некаде да се затворат, не да се тепаат. Да се најде начин таму градоначалникот некој или да се формира комисија а не да кадат луѓе по чаршија“, велат стружани.
Од здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ во писмена реакција истакнаа дека Општините во рамки на својата надлежност имаат буџет или пари одвојувани од граѓаните и со закон имаат обврска да ги стерилизираат кучињата, да извршат заловување-стерилизација, вакцинација-обележување и враќање на кучињата на територијата каде се заловени. Но, одговорот од општината засега е негативен. Ветеринарите со свој став.
„За тоа да се реши потребно е формирање на служба во која ќе бидат вработени професионалци кои ќе вршат заловување, кастрирање на истите и сместување во стационар“, вели ветеринарот Ване Стојкоски од Охрид.
Од охридската болница велат дека голем е бројот на искасани граѓани од Струга.
„Проблемот е голем, доаѓаат различни пациенти со различни тип на повреди а имаме и ампитирани на дел од екстремитети а сега пред два дена имавме двајца пациенти кои беа буквално искасани на долните екстремитети, нафрлени кучиња на нив и со страшни рани“, изјави инфектилогот д-р Лидија Љаткоска од Охрид.
Последните два случаи на напад на кучиња скитници во Струга ја разбрануваа јавноста но не и општина Струга која директно е одговорна за овој повеќе годишен проблем.
Јованчо Наумоски
