Поплави

Водата се повлекува- Републичкиот кризен штаб интервенира во Пелагонија

16.02.2015 16:33

Оштетувањата на коритото се серозни и длабоки. За да недојде до нови поплави при евентуални врнежи и нагло топење на снегот републичкиот кризен штаб да помогне во првичната санација, порачаа од пелагониските општини...

По намалениот водостој, скенирани оштетените места на коритото на Црна Река. Бучим, Лознани, Чарлија, Радобор и Оптичари се само дел од локациите од каде се поплавуваше Пелагонија. Оштетувањата се толку големи што при поголеми врнежи или нагло топење на снегот може на некои делови повторно да дојде до несакани последици, велат од регионалниот кризен штаб.

Фактот што не скоја од општините може самата да интервенира, ги натера во оваа интервентна фаза да се вклучи и републичкиот кризен штаб.

„Имаме цела документација од фотографии. Скенирани се местата. Чекаме да дојде уште една стручна екипа, но мора да се интервенира затоа што водата се намалува, а и временските услови дозволуваат. Возможно е да влези механизација и во најтешките локации, затоа ја побаравме оваа интервентна помош“, вели битолскиот градоначалник Владимир Талески.

Водата полека се повлекува и од земјоделските површини. Иако се стравува за посеаното, од општина Могила стигмуваат оптимистички вести по влегувањето на оние поршини кои веќе се исцедени.

„После дванеасет дена влеговме на некои површини каде состојбата дозволува. Пченицата навистина е издржлива, но не веруваав дека после толку дена под вода ќе преживее. Што ќе биде на другите површини, ќе знаеме подоцна“, вели градоначалникот на општина Могила, Стево Пивковски.

Со секаков вид на поддршка општините се понудија и следната фаза темелно чистење, на со децении неисчистеното корито на Црна Река. Сепак сега најважно е да се санира најкритичното, а зафатот на ова второто ќе следува за некој месец. План кој неодамна го најавија и од ресорното министерство и за кој ке се обидат да искористат средства во висина од 18 милиони евра од ИПАРД програмата.

 

Стевче Митрески