Сервисирањето на грчкиот долг- на маса во Брисел

16.02.2015 17:01

На состанокот во европската престолнина, министрите за финансии бараат решение на проблемот. Ципрас сака повече време за спроведување на реформите, во Германија нема оптимизам дека е можен договор...

Во тек е состанокот на Еврогрупата во Брисел- со единствена точка на дневниот ред „Преговори за отпишување на дел од долговите на Грција, и постигнување на нов договор“ – финасиска програма која би започнала од почетокот на јуни и која нема да  содржи мерки на штедење.

Доколку не биде постигне макар и минимален напредок, што би значело можност за нови преговори, Грција е на еден чекор пред излегување од Еврозоната, на што Германија под водство на Меркел не сака ни да помисли пред враќање на долгот кон Унијата, тежок 240 милијарди евра.

Европската комисија денеска го потврди долгиот разговор во петокот и во саботата, меѓу Јункер и Ципрас со цел Грција да се задржи во еврозоната. Грчкиот премиер очекува тешки преговори, но истовремено е полн со оптимизам за постигнување на нов договор.

Претседателот на Европската централна банка, Марио Драги, одби да разговара за можноста на Грција да ја напушти еврозоната ако договорот со т.н. тројка се распадне како резултат на барањата на Грција за надминување на товарот од долгови.

Тој едноставно повтори дека членството во еврозоната е „неповратен процес“. Се очекува на денешниот состанок да се приближат ставовите, но не и да се донесе конечно решение.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ