Исплатени субвенциите за лозарите

16.02.2015 17:20

Лозарите задоволни од субвенциите, иако ланската година работеа со загуби од 70 до 80 проценти...

396 милиони денари субвенции легнаа на сметките на околу 13.700 земјоделци. Владата на лозарите им исплати по 40.000 денари по хектар за одржување лозови насади. Лозарите задоволни од субвенциите, иако ланската година работеа со загуби од 70 до 80 проценти.

„Прва годниа е оваа, имам подигнато некаде, да не претерам околу 950 до 960 илјади денари за хектар. Добиваме и субвенции за одржување на лозовите насади- 40 илјади денари од хектар“, вели лозарот Илија Петков.

Најголема исплата е извршена во Кавадарци во износ од 161 милион денари. Неготино 114,5 милиони денари, а трета е Гевгелија со 24 милиони денари. Субвенции им се исплатени и на лозарите од Валандово, Струмица, Свети Николе, Велес, Радовиш, Штип.

Винариите потврдуваат дека коопренатскиот однос со лозарите е приоритет квалитетното грозје дава и квалиетено вино. Лани оваа винарија откупила 20 тони грозје.

„Минатата година откипивме околу 20 илјади тони грозје во износ од околу 4,5 милиони евра. До крајот на јануари исплатено е 54% од целата количина“, изјави Игор Илиевски, менаџер на винарија.

Лозарството учествува со околу 20 отсто од земјоделскиот БДП и дава еден од најважните производи во однос на извозната вредност на земјоделските производи во Македонија.

 

Дијана Ценевска