Ден на жалост во Египет, војската во акција против џихадистите
16.02.2015 17:27
По масакрот на коптите, во Египет е прогласен ден на жалост. Претседателот Ал Сиси се закани – ќе се одмаздиме. Војската не чекаше многу. Тргна во акција против џихадистите...

По повод свирепото убиство на египетските христијани, Египет прогласи 7 дневна жалост. Пораката што исламските милитанти со крв ја напишале и ја упатија кон немуслиманското население. Предизвика голема вознемиреност, не само кај египетските коптски христијани.
Во градот Минуа, веста за погубувањето на нивните сограѓани ја примија со очај и со тага. Од оваа место преку границата на сезонска работа заминуваат многу луѓе. Меѓу четворицата убиени од тоа село е и Самоил Фалхам. Луѓето овде живеат во надеж дека и преостанатите нивни сограѓани нема да ги снајде истата судбина. Дел од египетските медиуми, информираат дека на последните избори во Египет, христијанските копти го поддржале актуелниот претседател Ал Сиси, поради што ги разгневиле муслиманските екстремисти во регионот.
„Луѓето од овде не заминуваат во Либија од радост или, пак, како туристи. Одат да заработат малку пари“, вели Шебата Валхам, брат на Самоил.
„Бевме сместени во различни кампови. Дента кога првата група работници ги киднапираа, ние бевме на градилиште, едвај спасивме жива глава“, вели Абаноуб Ишак, пријател на Самоил.
Египетскиот претседател Абдел Фатах Ал Сиси порача дека дека за овој гнасен чин соодтвено ќе одговори на џихадистите.
„Египет го задржува правото да одговори на соодветен начин и време е да се казнат убијците“, нагласи Ал Сиси.
Војската на Египет соопши дека цел на нападите биле полигоните за тренинг, камповите и скалдиштата за оружје на осум локации околу градот Дерне.
Овие варварски убиства ги осуди сунитското движење Ел Азхар, кои сметаат дека овој чин нема никаква врска со каква било религија или човечки вредности.
Кукавичките убиства на египетските Копти ги осудија Светската организција и САД. Либискиот премиер по овој настан го повика Запдот да изврши воздушни напади врз муслиманските екстремисти во ова земја бидејќи, кој можеле да бидат закана и за европските земји.
Мирјана Василева
