Аналитичари за „Пуч“: Евтин шпионски трилер на опозицијата
„Со новообјавените разговори, Заев уште повеќе се заплетка во замката и остави простор да се увериме дека снимките му се дадени од надвор“, вели аналитичарот, Тони Науновски...

Евтини шпионски трилери кои некои луѓе од опозицијата ги прават, притоа уривајќи го угледот на државата, коментира аналитичарот Тони Науновски за објавените аудио снимки. „Со новообјавените разговори, Заев уште повеќе се заплетка во замката и остави простор да се увериме дека снимките му се дадени од надвор“, вели аналитичарот, Тони Науновски.
Според него, нелогично е шефот на УБК, кој во објавениот разговор со Муса Џафери инсистира претседател на Врховниот суд да биде Македонец, а не Албанец, да си нарача снимање на сопствените разговори. Целта, тврди Науновски, е СДСМ, со незаконски добиени материјали, да ја дестабилизира земјава, а ја нарушува и приватноста на граѓаните.
„Очигледна е координацијата на дејствувањето на непријателски антимакедонски центри на моќ.Но мислам дека македонскиот народ ја препозна таа игра односно тоа сценарио кое што е очигледно е насочено кон највисоките национални и државни интереси. Но, она што останува како политички заклучок и политичка консеквенца од сите овие ефтини шпионски трилери кои некои луѓе од опозицијата ги прават на македонската јавност, притоа уривајќи го угледот во смисла не само на во смисла на меѓународната позиција на РМ туку и дестабилизирајќи го она длабоко семакедонско единствио“, вели аналитичарот Науновски.
Заканите и уцените се составен дел од дејствувањето на Заев, анализира Науновски, потсетувајќи на неколкуте јавни настапи на опозицискиот лидер во кои најавува што ќе прави кога ќе дојде на власт..
„Се чудам како СДСМ си дозволува да има за лидер несериозен во политичка смисла човек... Неговите изјави негативни по националните и државни интереси се познати и тие се во континуитет, односно онаа изјава дека треба да ја свиткаме кичмата, ’рбетот, што значи да си го предадеме името и идентитетот, потоа фамозната изјава дека ќе јадиме живи луѓе- кога тој ќе дојде на власт ќе прави жестока политичка чистка во сите институции“, вели Науновски.
Науновски заклучува дека крајно време е врвот на СДСМ, да престане да ја шири оваа масовна колективна психоза за насила да дојде на власт.
Експертските реакции не стивнуваат откако премиерот Груевски обелодени дека Заев го уценувал и му се заканувал со снимките што ги добил од странски служби за формирање техничка влада.
Против Заев е поднесена кривична пријава за насилство на претставници на највисоките државни органи.
Наташа Гркова- Петрушевска
