Кошарка АБА лига

Звезда од најдобрата позиција во плеј - офот!

16.02.2015 17:55

Црвено – белите во полуфиналето на плеј офот против четвртопласираната екипа, во серијата во две добиени меча, ќе ја имаат предноста на домашниот терен. Истото ќе важи и ако Црвена звезда се пласира во финалето...

На четири кола до крајот на АБА кошаркарската лига, решени се неколку дилеми. По поразот на Будуќност во Љубљана против Олимпија, кошаркарите на Црвена звезда го обезбедија првото место по основниот дел од сезоната. Црвено – белите во полуфиналето на плеј офот против четвртопласираната екипа, во серијата во две добиени меча, ќе ја имаат предноста на домашниот терен. Истото ќе важи и ако Црвена звезда се пласира во финалето.

Се поинтересна станува трката за второто место во којашто сериозно влегоа и Партизан, па и цедевита особено ако вечет триумфира на гости кај Црвена Звезда. Преносот од дербито на 22-то коло ќе биде на МРТ Собранискиот сервис во 20 часот и 30 минути.

Евентуален пораз на загрепчани ќе ја остави во игра за четвртото место Олимпија. Словенечката екипа има подобар меѓусебен биланс сезонава од ланскиот финалист, но сепак шансите на Цедевита за доигрувањето се поголеми, затоа што и се потребни само уште една победа и пораз на Олимпија.

Одамна е јасно дека лигата ќе ја напушти Левски којшто барем се спаси од банкрот благодарение на донацијата на околу 10 илјади негови навивачи.

 Табела

  1. Црвена звезда            20-1
  2. Будуќност                  16-6
  3. Партизан                    15-7
  4. Цедевита                    15-6
  5. Олимпија                   12-10
  6. Крка                            11-11
  7. Задар                           11-11
  8. Металац                     11-11
  9. Солнок                       10-12
  10. Мега                           9-13
  11. Цибона                       9-13
  12. Игокеа                        7-15
  13. МЗТ Скопје                6-16
  14. Левски                        1-21