Фудбал – Лига на шампиони

Почнува вистинската Лига на шампионите!

16.02.2015 17:59

Во првите дуели, утре ПСЖ како и минатата сезона ќе го пречека Челзи, додека Баерн Минхен ќе му гостува на Шахтјор...

Предолго изгледаа двата месеца зимска пауза, велат со нокаут фазат стартува вистинското елитно натпреварување. За да не се поклопуваат натпреварите, за фудбалските мераклии да имаат можност да видат што поголем број мечеви, како и поради скапите ТВ права, четврта сезона, осминафиналените натпревари се распределени во четири термини. 

Во првите дуели, утре ПСЖ како и минатата сезона ќе го пречека Челзи, додека Баерн Минхен ќе му гостува на Шахтјор.

Кога лани го градеше патот кон рекордната десета титула реал мадрид низ Гелзенкирехен мина триумфално со 6:1. Судбината повторно ги спои Шалке и кралскиот клуб во осминафиналната фаза. Преносот ќе биде на МРТ1 во 20.45, половина час порано ќе почне специјалната емисија повсетена на Лигата на шампионите. В среда ќе играат и Базел - Порто.

Нерадната недела на програмата ќе бидат следниве пресметки: на 24.02, Манчестер Сити – Барселона и во реприза на финалето од 1997-та, Борусија Дортмунд – Јувантус. Ден подоцна ќе се соочат, Арсенал – Монако со пренос на „Прва“ и Баер Леверкузен – Атлетико Мадрид.