Кошарка

Митровиќ во Работнички!

16.02.2015 23:22

24- годишниот Митровиќ веќе неколку дена беше на проба и тренираше со сега новите соиграчи...

Пред дербито со МЗТ Скопе и во пресрет на зваршницата на Купот на Македонија, Работнички се засили со српскиот кошаркар, Александар Митровиќ. 24- годишниот Митровиќ веќе неколку дена беше на проба и тренираше со сега новите соиграчи. Митровиќ кој е висок 203 сантиметри игра на позицијата бек - шутер, претходно настапуваше за Партизан, Мега, Будуќност, Металац, Вршац, Перистери и Златорог.

Право на настап, Митровиќ има веќе в среда во дуелот со МЗТ Скопје од којшто Македонската телевизија ќе емитува пренос на Собранискиот сервис во 18.30.