Кошарка - АБА лига

Ништо ново, уште една победа на Звезда

16.02.2015 23:24

Капитенот на домаќините Лука Митровиќ, беше човек на мечот со постигнати 14 поени, остварени 9 скокови и 3 асистенции...

Црвена Звезда стигна до 21-та победа во 22-та рунда во АБА лигата. Повторно падна Цедевита, сега со 78:63 за разлика од мечот во Загреб, кој што беше решен во последните моменти. Првата позиција на црвено-белите не е спорна, но ситуацијата на останатите три места што водат во полуфиналето во плеј-офот, е крајно возбудлива.
 
Капитенот на домаќините Лука Митровиќ, беше човек на мечот со постигнати 14 поени, остварени 9 скокови и 3 асистенции. Џенкинс постигна 11 поени, најдобриот стрелец на екипата Марјановиќ на крајот стигна до својот просек од 10, толку имаше и Калиниќ. Кај поразените, Миро Билан одигра стандардно, со 13 поени и со 5 скокови, а Пилепиќ, кој што многу рано направи три лични и играше малку, додаде 10 поени.
 
Цедевита и покрај поразот се наоѓа пред Партизан, има ист скор 15/7, но е на третата позиција само поради подобриот меѓусебен дуел. И втората позиција на Будуќност не е сигурна. Црногорците имаат 16/6, на 4 кола до крајот на сезоната. Цедевита и Будуќност играат во 25-то коло, односно Будуќност и Партизан во последното, 26-то.
 
Следната АБА рунда се игра по две недели, затоа што следниов викенд се куп завршниците во Македонија и во Србија, а в среда и четврток се игра хрватскиот.