Еврокомесарот Хан во прва посета на Македонија
17.02.2015 09:03
Како што е најавено, Хан кој ќе има средби со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, како и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими...

Во прва официјална посета на земјава, доцна синоќа пристигна Јоханес Хан, еврокомесарот за соседство и проширување. Еврокомесарот со државниот врв денеска треба да разговара и за акцискиот план на владата за членство во Европската унија, предвиден со билатералниот договор меѓу Брисел и Скопје, преку високиот дијалог за односи со Унијата.
Како што е најавено, Хан кој ќе има средби со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, како и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими.
Хан претходно побара од опозицијата да се врати во парламентот, и таму да се решаваат политичките прашања.
