Законот за алтернативна медицина пред пратениците

17.02.2015 09:07

На дневен ред на оваа седница, меѓудругите се Предлог законот за дополнување на Законот за јавните претпријатија и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, двата по скратена постапка...

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 35 седница со гласање по Дополнетиот предлог на закон за комплементарна и алтернативна медицина, во второ читање, за кој расправата заврши вчера.
 
На дневен ред на оваа седница, меѓудругите се Предлог законот за дополнување на Законот за јавните претпријатија и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, двата по скратена постапка.
 
Пратениците треба да расправаат по предлог законите за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации и на Законот за финансиската полиција, во прво читање, како и Предлог законот за за изменување на Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис, исто така, во прво читање.
 
На седницата, меѓудругите, треба да се расправа и по Предлог законот за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација  и Предлог законот за изменување на Законот за начинот и постапката на исплатување на депонираните девизни влогови на граѓаните по кои гарант е Република Македонија, двата во прво читање.